klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

МФ: Со новиот Закон за игри на среќа се воведуваат нови правила за giveaway: Дозвола, надоместок и јасно утврдени услови за организирање

МФ: Со новиот Закон за игри на среќа се воведуваат нови правила за giveaway: Дозвола, надоместок и јасно утврдени услови за организирање
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·09. 07. 2026. 08:24:46

Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway), надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање, се дел од новините што ги воведува новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, кој почнува да се применува од 14 јули. Целта на новото законско решение со кое за прв пат се воспоставува регулирана рамка за приредување на подарувања (giveaway), е да се утврдат јасни правила, обврски и услови за организаторите, како и поголема транспарентност и правна сигурност за учесниците. Согласно новото законски решенија, за приредување giveaway задолжително ќе се издава дозвола, која се добива по поднесување барање до Министерството за финансии најдоцна 30 дена пред денот определен за започнување на играта. Доколку организатор на подарувањето е трговец- поединец, кон барањето за издавање дозвола доставува правила на подарувањето, докази за потеклото на наградите, документ за регистрација издаден од Централниот регистар, информација за економско-финансиската состојба врз основа на последната годишна сметка, доколку вршел деловна активност, доказ за платен надоместок за поднесување на барањето во износ од 100 евра во денарска противвредност, како и доказ за подмирени јавни давачки по основ на даноци, царини и придонеси. Доколку организатор е трговско друштво, покрај наведената…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti