Марта Кос: Полноправното членство ќе донесе уште поголеми придобивки, ќе донесе еднакви права и еднакви можности за граѓаните и бизнисите

Марта Кос, порача дека Македонија има реална можност да напредува кон полноправно членство во Унијата, сепак нагласи дека усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор за започнување на пристапниот процес. Кос истакна дека е потребен 100% заеднички меѓупартиски консензус за Изборниот законик, државата да може целосно да го искористи моментумот во процесот на евроинтеграциите и тоа ќе биде во полза на државата. „За заеднички меѓупартиски консензус за да може да имаме 100% успех, и се надевам дека тоа ќе се случи. А кога тоа ќе се случи, тоа ќе биде во полза на државата, затоа што пристапните преговори ќе се придвижат нанапред. Реформската агенда и она што го правите во Планот за раст, и од друга страна пристапниот процес, во одреден дел ќе се спојат. Македонија тогаш може многу побрзо да се приклучи кон оние напредни земји“, кажа Кос. Еврокомесарката посочи дека придобивките од приближувањето кон Европската Унија веќе ги чувствуваат граѓаните и компаниите во земјата, наведувајќи дека следуваат преговорите за укинувањето на роамингот, новите можности преку програмата „Еразмус плус“, поврзувањето со европските иницијативи за вештачката интелигенција, пристап до европските програми за здравство и зајакнување на сајбер-безбедноста. „Полноправното членство ќе донесе уште поголеми придобивки, ќе донесе еднакви права…


