klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Макрон најави забрана за незаконските протести и алтернативни маршрути за синдикалните маршеви

Макрон најави забрана за незаконските протести и алтернативни маршрути за синдикалните маршеви
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·22. 10. 2026. 12:21:06

Незаконските протести во наредните денови ќе бидат забранети, додека на организираните групи, како што се синдикатите, ќе им бидат понудени алтернативни маршрути за маршевите со цел да се заштитат трговските објекти - изјави францускиот претседател Емануел Макрон по денешната средба со претставниците на разузнавачките служби и министрите посветена на кризата. Францускиот претседател истакна дека зад немирите и грабежите што се случија минатата сабота низ Франција стојат крајнолевичарски „провокатори“ и вандали. Претходно денеска, властите во повеќе француски градови ги забранија најавените протести по викендот обележан со судири и масовно уништување имот – најсериозните немири во Франција во последните години. Немирите во Париз и во другите француски градови ја натераа Владата да преземе решителни безбедносни мерки. Во одделни делови на француската престолнина, како и во други градови во кои безбедносната состојба веќе се стабилизира, беше воведен и полициски час. Демонстрациите што беа планирани за денеска во Париз, Лион, Лил и Гренобл се исто така забранети – мерка што дел од јавноста ја смета за ограничување на правото на протест. Сепак, ученичките и студентските организации најавија дека ќе продолжат со мобилизацијата, иако оваа недела започна есенскиот училиштен распуст. Париската полиција соопшти дека забраната е неопходна поради ризикот од улични судири, слични на оние…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti