klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Градоначалникот Ѓорѓиевски на појадок со стопанствениците од индустриска зона ,,Пинтија

Градоначалникот Ѓорѓиевски на појадок со стопанствениците од индустриска зона ,,Пинтија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·22. 10. 2026. 12:30:17

На иницијатива на Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се одржа заеднички појадок со стопанствениците долж булеварот „Борис Трајковски“, вредни домаќини кои со своето разбирање и соработка дадоа значаен придонес за решавање на еден децениски проблем, информираат од Град Скопје. -Заедно покажавме дека со искрен разговор, меѓусебна почит и волја, се наоѓа решение. Претходно постигнавме договор за експропријација и овозможивме да се доврши булеварот кој цели 30 години беше синоним за застој, неизвесност и секојдневна голгота за граѓаните. Им благодарам од срце за довербата, трпението и подготвеноста да бидат дел од оваа голема промена. Зад овие стопанственици стојат години труд, многубројни вработени и семејства чија егзистенција зависи од успешното работење на нивните компании. Нивниот придонес за Скопје е голем и наша обврска е да внимаваме на нивните потреби, да ги слушаме и да создаваме подобри услови за работа и развој. Во мене секогаш ќе имаат пријател и партнер, а во Град Скопје поддршка на која можат да се потпрат – посочил скопскиот градоначалник. Нагласил дека по само пет месеци посветена работа, булеварот „Борис Трајковски“ е во финална фаза и дека она што со децении остануваше недовршено, се завршува пред ветениот рок до Нова година. -За повеќе од 100.000 граѓани…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti