ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори. Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Потврда за ова е и последниот случај од Гостивар каде поради нестручно, непрофесионално и неодговорно поставени пумпи на општината и гостиварски „Водовод“ во отпадни води, изминатите дена над 1000 граѓани се затруле и побарале медицинска помош. Општинската власт во Гостивар целосно потфрли во своето работење и на граѓаните не успеа да им го обезбеди елементарното право на чиста вода за пиење и тоа во 21 век, кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција. ВМРО-ДПМНЕ бара итно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани кои несовесно, непрофесионално и неодговорно ги извршувале своите работни активности. На Македонија и на македонските граѓани потребни им се одговорни лица кои достојно, професионално, одговорно и во нивен интерес ќе ги извршуваат функциите за кои се избрани. Македонските граѓани заслужуваат да ги водат луѓе со интегритет кои ќе се грижат за…
Povezane vijesti

Preminula Oskarovka Brenda Fricker: Publika je pamti po ulozi u filmu "Sam u kući 2"

Мадона има благороднички корени: Во далечно сродство е со британското кралско семејство
