Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

Ученици од повеќе градови во Хрватска кои го изучуваат македонскиот јазик по Моделот Ц учествуваа во проектот „Колаж на македонската култура – вкусови и простори на Македонија и Истра“, реализиран во Пула од 16 до 18 октомври 2026 година. Преку заеднички активности, културни содржини и запознавање со историјата и традицијата на Пула, учениците имаа можност да го надградат своето знаење за македонскиот јазик и култура, но и да ја откријат поврзаноста меѓу македонското и истарското културно наследство. Во рамки на програмата беа организирани посета на Пулската арена, стручна прошетка низ градот и прием во Градската палата. Активностите им овозможија на децата да учат преку непосредно искуство, дружење и размена на знаења. Проектот го осмислија наставничките по македонски јазик Сашка Соломоновска Јаневска, Деспина Белчовска Велинска, Маја Јовановски и Милена Георгиевска, кои со својата работа придонесуваат за зачувување на македонскиот јазик и културниот идентитет кај младите генерации во дијаспората. -Кога децата го учат јазикот, тие не учат само зборови. Тие ги запознаваат своите корени, градат самодоверба и учат дека можат да го негуваат сопствениот идентитет, а истовремено да бидат отворени кон другите култури - истакнува наставничката по македонски јазик од Пула и водителка на проектот Сашка Соломоновска Јаневска. Проектот го реализира македонското…
Povezane vijesti

Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации (ВИДЕО)

Мицкоски без дилема: Усмениот дел од правосудниот испит треба да биде на македонски јазик
