klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Македонија внимателно ја следи состојбата во Европа: Домашниот електроенергетски систем останува стабилен и подготвен

Македонија внимателно ја следи состојбата во Европа: Домашниот електроенергетски систем останува стабилен и подготвен
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·05. 08. 2026. 08:02:13

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија. Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО и останатите надлежни институции, редовно ги следи хидролошките параметри, расположливите резерви и прогнозите, со цел навремено да се преземат сите потребни мерки доколку условите се променат. Состојбата со акумулациите во моментов е стабилна и овозможува сигурно управување со домашниот хидропотенцијал. Хидропотенцијалот е со вкупна исполнетост на акумулациите од околу 70 проценти. Тоа овозможува да се одговори на актуелните потреби во рамките на планираното производство Домашните акумулации се управуваат внимателно и согласно оперативните планови, што овозможува сигурно производство на електрична енергија и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем. Истовремено, хидроелектраните продолжуваат да обезбедуваат и системски услуги неопходни за одржување на стабилноста на електроенергетската мрежа. Показателите за домашното производство се охрабрувачки. Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај годинава во Македонија се произведени 462.653 MWh електрична енергија, со што се покриени 96,5 проценти од домашната потрошувачка што претставува значително повисоко учество на домашното производство…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti