Македонија и Бугарија во тежок дипломатски ќор-сокак наречен замрзнат конфликт

Сите услови се исполнети за вакво тврдење. Софија и Скопје се во замрзнат конфликт. Несреќата е поголема затоа што за ваквата состојба голем дел од вината ја има токму Европската комисија. Во период на големи неизвесности, кога се засилуваат воените конфликти не толку далеку од нас, алатката што може да ги извлече двете земји од ваквата опасна состојба е дипломатијата. И тоа во засилена дипломатија со силен кредибилен посредник. Кипарскиот случај го потврдува токму тоа Оптимизмот за Македонија и за другите земји кандидатки за членство во Европската Унија од Западен Балкан е оправдан затоа што се очекува повеќето земји да влезат на побрза лента за напредок кон членство во Унијата. Волшебното стапче, ако се покажа ефикасно, ќе значи дека се блокирани сите можни вета во моментов и дека Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија се ставаат во еден пакет, кој брзо ќе им донесе на земјите некакво членство во ЕУ. Подвлекуваме – некакво, затоа што во моментов не се знае што точно значи тоа. Неизвесно е и дали предлогот Макрон-Мерц за блокирање на ветата со давање статус на членство со ограничени права е извесен. Поделбите во ЕУ се големи – на една страна се земјите од Бенелукс плус Франција и…

