Svijet Sjeverna Makedonija
Силно невреме во Скопје

Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 07. 2026. 15:23:50
Невреме, проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град го зафати Скопје. Во делови од западниот дел на Скопје попладнево започна најавеното силно невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, а во некои населби има и прекин на електричната енергија. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), силното невреме беше очекувано во попладневните часови. Поради тоа, Кризниот штаб на Град Скопје одржал состанок, а службите се целосно мобилизирани и присутни на терен за навремена интервенција доколку има потреба. Доколку невремето се прошири и во другите делови на градот, се препорачува граѓаните да бидат внимателни во сообраќајот и да ги следат информациите од надлежните институции.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


