klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Македонија ги одбележува двата Илиндена – најзначајни настани за македонската државност

Македонија ги одбележува двата Илиндена – најзначајни настани за македонската државност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·02. 08. 2026. 07:02:26

Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена - 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, два најзначајни настани за македонската државност. Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“, по што ќе се одржи панихида во храмот „Св. Никола“. Следува голем народен собир на „Мечкин Камен“, каде ќе има церемонија на положување свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република, интонирање на химната и обраќање на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, по што следува културно уметничка програма, со настап на НУ „Танец“. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова годинава ќе се обрати на свеченоста организирана во Скопје пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов - Ченто на плоштадот Македонија. Таа ќе положи цвеќе пред спомениците на Никола Карев, АСНОМ и Методија Андонов-Ченто. Одбележувањето на 81-годишнината од Првото заседание на АСНОМ ќе се одржи во Меморијалниот центар во Пелинце каде ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Традиционално, како и секоја година, на 2 Август во дворот на црквата…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti