Сталоне откри зошто не може да се пензионира: Свадбата на ќерката ќе го чини скапо

Силвестер Сталоне, вели, не може да се пензионира, бидејќи мора да ги плати трошоците за свадбата на неговата ќерка Софија. Американскиот глумец говореше за тоа на гостувањето во емисијата „Во живо со Кели и Марк (Live with Kelly and Mark)“ неделава. - Човече, речиси ми е срам да го кажам ова, но не можам да се пензионирам. Сериозен сум! - изјави Сталоне. Неговата најстара ќерка, Софија Сталоне на 28 август објави дека се свршила со своето момче, Мајкл Шихан. Таа тогаш сподели фотографии од романтичното запросување на „Инстаграм“, со опис: „Засекогаш со мојот најдобар пријател“. Сталоне истакна дека момчето ѝ ја побарало раката од нејзиниот татко. Ѕвездата на „Роки“ и „Рамбо“, кој има 80 години, е татко на пет деца. Силвестер и Флавин со која е в брак од 1997 година, ги имаат ќерките Софија, Систин и Скарлет. Актерот има и два сина - Серџо (47) и Сејџ, кој почина во 2012 година на 36-годишна возраст, со својата прва сопруга, Саша Чак.
Povezane vijesti

Силвестер Сталоне шокира со признание: „Не можам да се пензионирам, ми требаат парите“
Silvester Stalone ne može u penziju zbog kćerkine svadbe: Moram da je platim, ozbiljan sam
