klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Македонците од Албанија го честитаа најголемиот празник на МАКЕДОНИЈА

Македонците од Албанија го честитаа најголемиот празник на МАКЕДОНИЈА
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·02. 08. 2026. 18:03:04

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, друштвото „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ упатија честитки по повод 2 Август – Илинден, порачувајќи дека празникот претставува завет на достоинство и симбол на единството на Македонците. „Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и на славниот Илинден од 1944 година, кога беа поставени темелите на современата македонска државност. Илинден е ден кога со длабока почит се сеќаваме на бројните револуционери и борци кои со својата храброст, пожртвуваност и крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ“, се наведува во честитката на МД „Илинден“, потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај, објавувајќи фотографија од излет на Македонците во Тирана во 1937 година. Честит и вековит Илинден од име на друштвото „Преспа“, организација за заштита на правата на Македонците во Албанија, посакува и неговиот претседател Едмонд Темелко. „Илинден е огнот во нашите гради, нашата гордост и нашиот вечен корен! Тој е заветот што нѐ обединува сите Македонци, и овде во татковината, и во секој агол на светот. Денес со длабока почит им се поклонуваме на сите херои кои го дадоа својот живот за нашата слобода. Нивната храброст е нашата сила, а нивниот сон…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti