klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Лукровски се врати во Општина Карпош, повторно ги презема градоначалничките надлежности

Лукровски се врати во Општина Карпош, повторно ги презема градоначалничките надлежности
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·01. 07. 2026. 09:33:51

Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денеска се врати на работното место после два месеца боледување и продолжува да ја извршува градоначалничката функција. Лукровски беше на боледување од 7 мај, а го заменуваше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој е член на Советот на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Крстевски се појавуваше на сите настани поврзани со работата на Општината, а одржуваше и прес-конференции. Лукровски објави на својот фејсбук профил дека е во работна атмосфера истакнувајќи: „Животот е борба исполнета со предизвици, но не затоа што е против нас, туку затоа што секој предизвик нè принудува да растеме, да учиме и да станеме посилни. Изминатиот период за мене беше едно големо искушение. Се соочив со здравствен предизвик кој ме натера да сфатам дека вистинската сила не е никогаш да не паднеш, туку секогаш да најдеш сила повторно да станеш. Денес, со голема благодарност и искрена радост, повторно се враќам на своето работно место. Ова враќање за мене не претставува само продолжување на професионалните обврски, туку и лична победа над здравствените предизвици со кои се соочив во изминатиот период. Во ова искуство научив дека со трпение, истрајност, верба и поддршка, дури и најтешките битки можат да се добијат. Сакам да му се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti