klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Љубиша Николовски: Кризата во СДСМ денес не е само идеолошка или програмска – Таа е пред сè криза на легитимитетот на лидерството

Љубиша Николовски: Кризата во СДСМ денес не е само идеолошка или програмска – Таа е пред сè криза на легитимитетот на лидерството
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·14. 07. 2026. 08:02:44

И новинарот Љубиша Николовски се запраша околу лидерските капацитети на актуелното раководство. Во ФБ статус тој потенцира дека прашањата кои ги отвори Платформата на Игор Ивановски Шема ги има и меѓу членството на СДСМ. Николовски анализира дека големите партии не се градат само со лојални луѓе, туку и со способност критичарите да останат дел од организацијата и дека ова е тест за „лидерството“ на Филипче. На крајот заклучува дека кризата во СДСМ денес не е само идеолошка или програмска, туку дека таа е пред сè криза на легитимитетот на лидерството. Во продолжение целосниот ФБ статус на Љубиша Николовски: „СДСМ VS „Платформа“ 12.05 „Платформата“ отвора прашања што постојат и меѓу членството. Без разлика дали некој се согласува со нивните ставови, тие зборуваат за демократизација, кадровска политика, отчетност и потреба од нова визија. Наместо тие прашања да станат тема за дебата, конфликтот се персонализира. Раководството од своја страна има право да го штити единството на партијата, но ризикува да остави впечаток дека не трпи различно мислење. Во секоја политичка партија постои граница меѓу дисциплина и внатрешна демократија. Ако секоја критика се третира како напад, тогаш се намалува просторот за корекција на политиките. Од друга страна и „Платформата“ треба да биде внимателна, затоа…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti