Вејн Руни збесна по поразот од Аргентина: „Разочаран сум“

Фудбалската репрезентација на Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство, откако со голем и заслужен пресврт ја совлада Англија со 2:1. Англичаните, кои во најголем дел од натпреварот беа надиграни, поведоа преку Ентони Гордон во 55. минута. Сепак, Аргентина со головите на Енцо Фернандез во 85. минута и Лаутаро Мартинез во 92. минута го сврте резултатот во своја корист. По натпреварот, легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни не го криеше разочарувањето и во изјава за Би-Би-Си жестоко го критикуваше начинот на кој Англија ја загуби предноста. „Се доведовме во толку добра позиција, а потоа не знаевме што треба да правиме. Се повлековме и им дозволивме да нè притиснат. Создаваа многу шанси, а потоа попуштивме. Навистина сум разочаран“, изјави Руни. Англија во сабота ќе игра против Франција во натпреварот за третото место, додека еден ден подоцна Аргентина во големото финале во Њу Џерси ќе ја брани светската титула против Шпанија.


