klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Лишени од слобода 5.811 лица, повеќе од 142.000 жртви: МВР дел од меѓународна операција за сузбивање онлајн-измами и перење пари координирана од Интерпол

Лишени од слобода 5.811 лица, повеќе од 142.000 жртви: МВР дел од меѓународна операција за сузбивање онлајн-измами и перење пари координирана од Интерпол
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·10. 07. 2026. 11:19:14

Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со Секторот за меѓународна полициска соработка, учествуваше во меѓународната операција FIRSTLIGHT 2026 за сузбивање на онлајн-измами и перење пари, координирана од Интерпол, која се реализира во периодот од 15.1. до 30.4.2026. Во операцијата учествуваа надлежни институции од 97 држави и територии, со заедничка цел - откривање и сузбивање измами со модус социјален инженеринг и поврзани активности на перење пари - соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. - Измамите засновани на социјален инженеринг претставуваат облик на криминал при што сторителите ја злоупотребуваат довербата на граѓаните и правните лица со цел незаконско стекнување парични средства или доверливи информации. Во оваа категорија спаѓаат измами преку компромитирање службена електронска пошта (business e-mail compromise), инвестициски измами, романтични измами, измами со лажно претставување, сексуална уцена (sextortion) и други форми на онлајн-измами - пишува во соопштението. Во рамките на операцијата на глобално ниво биле спроведени интензивни активности за размена на оперативни и разузнавачки информации, претреси на локации, блокирање и замрзнување банкарски сметки и виртуелни паричници, како и користење на механизмите на Интерпол за брзо запирање на незаконски финансиски трансакции. На глобално ниво, операцијата резултирала со лишување од слобода 5.811 лица, идентификација на повеќе од 142.000…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti