Лишен од слобода струмичанец: Превезувал мигранти со лажни регистраски таблички и без возачка дозвола

Полицијата синоќа во 19:30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, го лишила од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. -При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Пакистан, две од Авганистан и едно од Турција. Додека, по извршени дополнителни проверки било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на возилото, а тој го управувал без возачка дозвола - информира Министерството за внатрешни работи. За настанот е известен јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Povezane vijesti

Ulcinj: Uhapšen državljanin Kosova, sumnjiči se za krađe novca, telefona, ključeva na Velikoj i Maloj plaži

Ѓорѓиевски: Со панорамски автобус и стручно водство, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот
