klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ѓорѓиевски: Со панорамски автобус и стручно водство, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот

Ѓорѓиевски: Со панорамски автобус и стручно водство, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·25. 07. 2026. 11:08:13

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, денес организиравме бесплатен панорамски разглед на градот - патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје, вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот, да ги слушнат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале препознатливиот лик и животот на градот, вели Ѓорѓиевски. Скопје е град кој ја претвори трагедијата во сила, а спомените во темел врз кој ја гради својата иднина. -Затоа наша обврска е да ја чуваме меморијата за минатото, да го негуваме културното и историското наследство и да ја пренесуваме приказната за Скопје на идните генерации, посочи скопскиот градоначалник.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti