Лафчиски: Технологијата ја движи револуцијата во војувањето, но адаптацијата ја носи победата

Технологијата ги поттикнува револуционерните промени во војувањето, но адаптацијата, лидерството, човечкиот потенцијал, како и одржливоста и отпорноста на општеството се клучни за технолошките предности да се претворат во оперативен и стратешки успех, порача началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски на панел-дискусијата „Еволуција или Револуција во Војувањето? Од Заливската војна до Украина: континуитет, промени и иднината на колективната одбрана на НАТО“. На настанот, организиран од Институтот за национална историја - Скопје во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер, Лафчиски нагласи дека технолошките иновации иако претставуваат двигател на револуционерните промени на бојното поле, сами по себе не се доволни за победа. - Технологијата ја поттикнува револуцијата во војувањето. Адаптацијата, односно способноста брзо да се прилагодите, и лидерството или човечкиот потенцијал одредуваат дали технолошките предности ќе се преточат во оперативен и стратешки успех - нагласи Лафчиски. Осврнувајќи се на Заливската војна од 1991 година, тој посочи дека тогашните технолошки достигнувања, како прецизните удари, воздушната супериорност, „стелт“ технологијата и почетокот на дигитализацијата на бојното поле, во комбинација со новите доктрини и здруженото командување, овозможиле коалициските сили да ги реализираат своите воени цели и да постигнат значајна оперативна и стратешка победа. Според него, искуствата од Заливската војна создале модел кој подоцна бил применуван и…
Povezane vijesti

Панел-дискусија за трансформацијата на војувањето и иднината на колективната одбрана на НАТО во Скопје

НАТО вложува милијарда евра во нова технологија: Руските и украинските дронови ја менуваат воената стратегија на Алијансата
