klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Панел-дискусија за трансформацијата на војувањето и иднината на колективната одбрана на НАТО во Скопје

Панел-дискусија за трансформацијата на војувањето и иднината на колективната одбрана на НАТО во Скопје
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 10. 2026. 06:22:47

Институтот за национална историја - Скопје, во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“, организира панел-дискусија од серијалот „Дијалог за историја и стратегија“ на тема „Еволуција или револуција во војувањето? Од Заливската војна до Украина: континуитет, промени и иднината на колективната одбрана на НАТО“. Настанот ќе се одржи денеска во Порта Македонија со почеток во 10:30 часот, а во фокусот ќе бидат промените во современото војување, влијанието на новите технологии врз воените операции и предизвиците со кои се соочуваат вооружените сили и системите за колективна одбрана. Според организаторите, дискусијата ќе ги разгледа трансформациите што се случија по Заливската војна во 1991 година, кога технолошката надмоќ, прецизното оружје, воздушната доминација и информациската предност беа сметани за клучни фактори во современото војување. Воедно ќе се анализира како искуствата од конфликтите на Балканот, во Авганистан, Ирак и Украина влијаеле врз воените доктрини и стратегии. Посебен осврт ќе биде ставен на улогата на беспилотните системи, електронското војување, вештачката интелигенција, мрежното командување и прецизните оружени системи, како и на значењето на логистиката, индустрискиот капацитет и отпорноста на државите во современите конфликти. Централно прашање на панелот ќе биде дали актуелните промени претставуваат постепена еволуција на воените концепти или доволно длабока трансформација за да се говори за нова револуција…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti