klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме!

КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме!
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·22. 10. 2026. 16:51:34

Од сончевата Малта, каде што деновиве се чувствува вистинскиот евровизиски дух, ви носиме приказна за талентот, соништата и гордоста да се претставува својата земја. Македонската претставничка на Детската Евровизија, Ана Стојаноска, веќе неколку дена е дел од ова незаборавно музичко доживување, каде што подготовките се во полн ек, возбудата расте, а големиот настап е се поблиску. Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, станува борец. Нејзиното најмоќно оружје е гласот, нејзин најсилен сојузник е маестралната песна на Николче Мицевски и Илчо Нечовски, а целта е да се донесе успех во име на Македонија. Зад неа се многу труд, посветеност и желба Македонија да се претстави во најдобро светло. Пред најважниот момент, КУРИР разговара со Ана за впечатоците од Малта, емоциите пред излегувањето на сцената и поддршката што ја добива од дома. КУРИР: Ана, веќе неколку дена си во Малта, каде што ја живееш евровизиската бајка. Кои се твоите први впечатоци и што најмногу те воодушеви досега? АНА: Сончевата Малта е прекрасна, особено во екот на јуниорската недела. Во тимот владее еуфорија и позитивна енергија, но секако и голема посветеност на нашата задача, а тоа е да и го донесеме на Македонија…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti