klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Кумановецот насилник чија ќерка побара помош преку видео на социјалните мрежи доби кривична

Кумановецот насилник чија ќерка побара помош преку видео на социјалните мрежи доби кривична
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 07. 2026. 11:16:14

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.Ц. (56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144, став 3 од КЗ. -Пријавениот, подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членовите од неговото семејство, а на 11.07.2026 година психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички да ја нападне, информира МВР. П.Ц. е пренесен во Психијатриската болница Демир Хисар. За целиот случај гласно алармираше неговата ќерка, преку видео објавено на социјалните мрежи. Во снимката таа истакна дека нејзиниот татко кој има проблем со алкохолот ги малтретирал неа, нејзините мајка и баба, како и болниот брат.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti