klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Кристофер Нолан го брани новиот филм „Одисеја“ од лавината критики на интернет

Кристофер Нолан го брани новиот филм „Одисеја“ од лавината критики на интернет
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·15. 07. 2026. 13:34:51

Британскиот режисер Кристофер Нолан се одлучи да го брани својот нов филм „Одисеја“ (The Odyssey), којшто е силно критикуван уште пред да излезе во кината. Според „Варајети“, на пример некои гледачи и критичари се осврнуваат на трејлерот и дијалогот во него, дека звучел премногу современо. „Холивуд репортер“ и „Индипендент“, исто така, ја критикуваат употребата на „премногу модерните фрази“ во филмот заснован на епските древнохеленски приказни на Хомер од пред скоро три илјадалетија. Прашан за тоа, во интервју за „Лос Анџелес тајмс“ Нолан вели дека сакал „речник со емоционално, а не интелектуално значење за луѓето“ во својот нов филм. Тоа го одвело подалеку од вештачки возвишениот говор кон разговорниот, современ дијалог. Негативните реакции се однесуваат, на пример на тоа што Телемах (го глуми Том Холанд) го употребува сленгот „dad" (тато) наместо „father“, обраќајќи се кон Антиној (Роберт Патинсон). Мнозина сметаат дека таквите „типично американски“ примери од современиот јазик и жаргон се несоодветни во приказната од древната хеленска цивилизација. - Можеби бев наивен, можеби и знаев дека „ќе ме касне змијата“, но сакав поприземен разговор. За мене беше очигледна одлука, рече Нолан. Меѓу глумците во филмот се и Мет Дејмон како Одисеј, Ен Хатавеј како Пенелопа, Зендаја како Атена, Шарлиз Терон како…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti