Костовски: Новата училишна сала во Бутел 2 напредува со одлична динамика

По 70 години за првпат се реконструира салата во ООУ “Панајот Гиновски” – се поставува нов под, се врши реконструкција на санитарните јазли и се градат нови соблекувални. Локалната самоуправа обезбедува квалитетни услови за практикување на училишните спортови и непречено одвивање на наставата по физичко и здравствено образование. Овој значаен проект се реализира со поддршка на Министерството за образование и наука. Во ООУ “Панајот Гиновски” беше поставена нова енергетско ефикасна фасада и беше изградено ново фудбалско игралиште со вештачка трева. Наскоро, ќе започнат активности за надградба на училиштето и ќе се создадат услови за воведување на едносменска настава. Општина Бутел продолжува да вложува во капитални проекти и промовира политики што поттикнуваат квалитет на образовниот процес.
Povezane vijesti

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата

Велешанец уапсен откако возел мотоцикл на игралиште, возилото одземено
