klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Конкурс на Народна банка: Креативноста ќе се награди – 1.000 евра за најдобро видео

Конкурс на Народна банка: Креативноста ќе се награди – 1.000 евра за најдобро видео
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·20. 10. 2026. 09:42:15

Народната банка потсетува дека е во тек Конкурсот за избор на најдобар видеоматеријал на тема „Што значи за мене Народната банка?“, со хаштагот #МојатаНБ. Преку Конкурсот, по повод одбележувањето 80 години централно банкарство во нашата земја, на граѓаните, а особено на младите, им се овозможува од своја перспектива да ги претстават улогата и значењето на централната банка во секојдневниот живот. Авторот на најдобриот видеоматеријал ќе добие парична награда од 60.000 денари, а персоналниот данок на доход го покрива Народната банка. Идејата може да се претстави преку анимација, интервју, скеч, документарен запис или друг креативен формат соодветен за социјалните мрежи. Учесниците можат да изберат една или повеќе теми поврзани со работата на Народната банка: стабилноста на денарот и цените, девизниот курс, сигурноста на банкарскиот систем, безбедното и непречено извршување на плаќањата, девизните резерви или значењето на економските податоци за граѓаните. Право на учество имаат сите полнолетни државјани на Македонија, со исклучок на членовите на Советот на Народната банка, вработените во Народната банка и членовите на нивните семејства. Еден учесник може да учествува со најмногу пет видеоматеријали. Видеоматеријалот треба да биде оригинално авторско дело, со времетраење до три минути, и да биде изработен на македонски или на албански јазик. Се препорачува видеоматеријалите…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti