klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините, практикантството е инвестиција во младите, вработливоста и локалниот развој

Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините, практикантството е инвестиција во младите, вработливоста и локалниот развој
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·06. 07. 2026. 10:30:15

Програмата „Месеци на практикантство“ ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините, изјави Тодор Конески претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „Со реализацијата на овие активности спроведуваме една од мерките предвидени во Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2021–2031, која Собранието ја усвои како изменет и дополнет документ усогласен со приоритетите на Националната развојна стратегија 2024–2044. Станува збор за мерка која предвидува имплементација на програми за практикантство со цел да се зголеми вработливоста на младите невработени, жените и другите ранливи категории, да се намали јазот помеѓу образованието и потребите на пазарот на труд и да се превенира недостигот од вештини, особено во планските региони каде младите се соочуваат со поголем ризик од невработеност“, додаде тој. Оваа мерка е дел од Приоритетот 1.5 од Стратегијата за регионален развој, насочен кон подобрување на структурата на работната сила и инвестирање во човечкиот капитал. Воедно, преку оваа иницијатива воспоставуваме поефикасен систем за планирање, координација и спроведување на развојните политики, со посилна поврзаност меѓу националните институции, локалната самоуправа, академската заедница и младите, Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „Агенцијата…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti