klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Комуналец Битола со реакција за инцидентот на стадионот

Комуналец Битола со реакција за инцидентот на стадионот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 08. 2026. 14:27:10

ЈП „Комуналец“ Битола се огласи по информациите дека телевизиска екипа била задржана на стадионот „Петар Милошевски“, дека не ѝ било дозволено снимање и дека ѝ била одземена опрема. Од претпријатието ги отфрлаат ваквите тврдења и велат дека станува збор за неовластено влегување во објектот. Во соопштението се наведува дека лицето кое подоцна се претставило како снимател во локална телевизија влегло преку влез наменет за товарни возила, без претходна најава и без легитимирање кај службата за обезбедување. Од „Комуналец“ истакнуваат дека никогаш не забранувале снимање на објекти од јавен карактер, но дека снимање во затворен простор е можно по претходно поднесено барање и идентификација на претставниците на медиумите. Според претпријатието, снимателот бил предупреден дека нема одобрение за снимање и бил повикан во службените простории, но категорично се демантираат тврдењата дека му била одземена опремата или дека му бил забранет излезот од стадионот. „Најостро ги демантираме наводите дека им била одземена опремата за снимање и дека имало физички контакт со лицето, што може да се провери и во полицискиот записник“, се наведува во реакцијата. Од ЈП „Комуналец“ додаваат дека на снимателот само му било укажано дека не смее да влегува во просторот без претходна најава кај службата за обезбедување. Во соопштението се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti