Кому не му е јасно како да се соочи со вистината?

Пораката на премиерот Христијан Мицкоски дека земја членка на Европската Унија апсолутно може да го блокира македонскиот јазик како службен јазик на Унијата е еден директен политички „бекхенд“ на јавна сцена на една цела конструкција од уверувања од политичко-медиумска машинерија дека „преговарачката рамка е безусловна гаранција дека македонскиот јазик има гаранции дека тој ќе стане службен јазик на Европската Унија“. Ниту има гаранции на хартија ниту сигурност во реалноста Од највисокиот државен функционер јавноста доби порака и предупредување дека македонската јавност мора да направи разлика меѓу нешто што е наведено во еден европски документ и нешто што е во јавноста декларирано, што всушност е правна и политичка заблуда за внатрешна употреба, при што граѓаните постојано се ставаат во заблуда дека македонскиот јазик е загарантиран во евроинтеграциите, анализира НОВА МАКЕДОНИЈА. – Со години се наметнуваше впечаток дека употребата на називот „македонски јазик“ во преговарачката рамка е доволна гаранција дека прашањето е затворено, дека таа формулација не може повторно да биде оспорена, дека европскиот пат, и покрај сите политички пречки, веќе обезбедил неповратно признавање на идниот службен статус на македонскиот јазик во институциите на Унијата. Но меѓу политичкото уверување и правната сигурност постои суштинска разлика. А токму таа разлика денес мора гласно…
Povezane vijesti

Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, ете ги “успесите” на СДС и Филипче

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ЕУ НЕ Е ГАРАНТИРАН - Ново вето од Бугарија?
