Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија

Во основа треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти. Вчера имавме дијалог на високо ниво заедно со хемо-онко, Министерство за здравство и сите релевантни институции. Ако некаде имаме направено подобрување, тоа е во подрачјето на обезбедена терапија, изјави министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека во однос на 2017 година, повеќекратно е зголемен буџетот на Клиниката за онкологија. Такво зголемување, посочи, нема во ниту едно друго подрачје и во ниту една друга област. -Фокусот во изминатиот период беше на третманот. Затоа и се одржа работилницата, да имаме еден похармонизиран пристап, бидејќи мора превенцијата, раното откривање, радиотерапијата и пост-периодот со палијативата да го имаме како систематски поглед на работите - додаде Клековски.
Povezane vijesti

Клековски: Терапијата за мултиплекс склероза поблиску до пациентите – модел и за онкологијата

Клековски: Нов сет на услуги со мултидисциплинарниот кабинет за дојка и новата лабораторија во штипската болница
