Клековски: Терапијата за мултиплекс склероза поблиску до пациентите – модел и за онкологијата

Во Министерството за здравство денес се објавија протоколите за дисперзирана терапија за мултиплекс склероза, заедно со директорите на Универзитетската клиника за неврологија, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид, ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје и Клиничката болница Штип. -На Клиниката за неврологија се водат околу две илјади пациенти со мултиплекс склероза, од кои околу 1.800 активно се лекуваат, а бројот на новодијагностицирани расте – само во 2025 година тие се 115. Во моментот, 835 пациенти од 48 општини се на имуномодулаторните лекови опфатени со дисперзијата и сите тие терапијата ја подигаат или ја примаат на Клиниката во Скопје. Од нив, 491 живеат надвор од скопскиот регион и многумина патуваат секој месец, често со придружник, што значи трошок, отсуство од работа и дополнителен напор за луѓе со хронична болест. Децентрализацијата овозможува да се опслужат повеќе пациенти без Клиниката да стане тесно грло, посочи министерот Клековски и додаде дека буџетот за лекови за мултиплекс склероза годинава изнесува рекордни 451 милион денари. -Ова е модел. Тоа е олеснување за пациентите, кои терапијата ќе ја добиваат поблиску до својот дом, но и унапредување за здравствените работници во регионалните болници, чиј делокруг на работа се збогатува. Секако, ова е модел и за…
Povezane vijesti

Клековски: Нов сет на услуги со мултидисциплинарниот кабинет за дојка и новата лабораторија во штипската болница

Клековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка
