klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·20. 10. 2026. 07:07:58

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата Фејсбук-страница. - Државата е тука - на долги стази - нагласува Клековски во објавата. Тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму. - Како што и досега имам изјавувано - државата е тука на долги стази. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на Министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов - додаде министерот во објавата

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti