Клековски ја посети Универзитетската акушерско-гинеколошка клиника „Мајчин дом“ во Софија

Министерот за здравство Сашо Клековски објави дека по потпишувањето на Планот за соработка, заедно со министерката за здравство на Бугарија, Катја Ивкова ја посетиле Универзитетската акушерско-гинеколошка клиника „Мајчин дом“ во Софија, каде ги пречекал директорот проф. д-р Иван Костов. [facebook_post url="https://www.facebook.com/SasoKlekovski/posts/pfbid0biAMwZwKjKKvWPuLQERVCtRzBBivD99JUpTe3SiU8HDioXHQU7UH439q4nPhrsC9l"] Се запознавме, посочува Клековски, со работата на клиниката – најголемата во Бугарија: околу 4.000 раѓања и околу 10.000 гинеколошки интервенции годишно, најголем оддел за предвремено родени бебиња и десет операциски сали. - Разговаравме за: пренатална дијагностика и неонатален скрининг, урогинекологија, роботска гинеколошка хирургија и онкогинекологија. Разгледавме можности за соработка и размена во неонатологијата и роботската хирургија. Благодарност за отвореноста за соработка! За секој пациент, секој ден, напиша Клековски на својот фејсбук профил.
Povezane vijesti

Клековски и Ивкова потпиша План за соработка за перидот 2026-2028 меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија

Клековски: Нов сет на услуги со мултидисциплинарниот кабинет за дојка и новата лабораторија во штипската болница
