Клековски: Недостигот на анестезиолози и радиолози не може да се реши преку ноќ, приоритет се нови вработувања и проширување на Позитивната листа со лекови

Недостигот на анестезиолози и радиолози е еден од најголемите предизвици во македонското здравство и не може да се надмине за краток период, бидејќи станува збор за специјализации што траат шест години, изјави министерот за здравство Сашо Клековски во „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“. - Морам да кажам дека експериментот со приватните специјализации направен во 2018 - 2017 година не ги даде посакуваните резултати, односно не се запишуваа приватни специјализации што кај нас се потребни, туку тоа што докторите го сакале. Така да, сега повторно имаме многу кардиолози, многу пластична хирургија, а малку патологија, малку анестезиологија, малку радиологија, истакна Клековски. Министерот истакна дека Владата ќе продолжи со инвестиции во здравствениот систем, при што врвен приоритет останува завршувањето на Клиничката болница во Штип, како и на другите болници опфатени со проектот, паралелно со подобрување на условите во Клиничкиот центар во Скопје и во останатите јавни здравствени установи. - Продолжуваме со зголемување на бројот на здравствени работници. Значи, пред неколку години, пред Короната, имаше 20.000 здравствени работници во јавното здравство, 2024-та ја дочекавме со 18.000, 2025-та ја зголемивме на 18.900. Сега вработуваме 300 нови млади специјализанти. Се надевам конечно ќе се дозаврши процесот на вработување на договорците - додаде министерот. Тој нагласи…


