klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Клековски: Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август

Клековски: Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·05. 08. 2026. 18:34:20

Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август, најави вечерва министерот за здравство Сашо Клековски, додавајќи дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира. Клековски, гостувајќи во емисијата „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“, рече дека земјата излегува од акутната фаза и дека бројот на новопријавени пациенти со стомачни проблеми е намален. -Во основа сега излегуваме од акутната фаза, веќе можам да кажам дека сме влезени во нормален период. Бројот на првојавени пациенти се движеше од 40 до 80 овие неколку дена. Нормалната предепидемиска појава на стомачни проблеми со дијареа и повраќање се движи меѓу 25 и 100- изјави Клековски. Тој нагласи дека епидемијата официјално нема да заврши сè додека не се отстрани сомнежот дека новите случаи се поврзани со користењето на водата за пиење. Клековски рече дека постојано се настојува да се прават пријавите за заразни болести и да се вршат епидемиолошките анкети. - И најдобрите епидемиолози во Центарот за јавно здравје и во Институтот за јавно здравје ги анализираат тие податоци. Значи, ние влегуваме во една нормалност бидејќи бројот на заболени е како во август минатата година, условно да кажам - додаде Клековски. На обвинувањата од опозицијата, министерот ја повика конечно да го…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti