klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Кенија: Потврден осми случај на ебола

Кенија: Потврден осми случај на ебола
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 10. 2026. 06:31:08

Кенија потврди нов случај на ебола, со што бројот заразени во земјата се зголеми на осум, соопшти генералниот директор за здравство, Патрик Амот. Станува збор за 49-годишен маж, кој не е здравствен работник, а кај кого биле потврдени висока температура, главоболка и мускулни болки. Од вкупно 38 тестирани лица, само неговиот тест бил позитивен, изјави Амот за локална телевизија. Според здравствените власти, заразениот бил придружник на пациент, задолжен за чистење садови и постелнина. Се претпоставува дека бил во контакт со првиот случај на ебола во Кенија - маж кој пристигнал од Демократска Република Конго во Најроби и починал во болница на 5 октомври. Симптомите кај новозаразениот се појавиле во саботата, по што бил изолиран, а вчера бил потврден позитивниот резултат од тестирањето, соопшти извор од Министерството за здравство. Кенија е во состојба на зголемена готовност поради ширењето на епидемијата на ебола што започна во Демократска Република Конго и се проширува во регионот. Властите во ДР Конго неодамна потврдија дека епидемијата се проширила и во осмата провинција, Северен Убанги, што дополнително ја зголеми загриженоста за ширење на вирусот во регионот. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti