klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Еболата се прошири во уште една провинција на ДР Конго

Еболата се прошири во уште една провинција на ДР Конго
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 10. 2026. 07:00:32

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се проширила во нова провинција, на границата со Централноафриканската Република. Тоа претставува нов предизвик за властите во напорите да го стават ширењето на заразата под контрола. Според здравствени претставници, потврдени се два случаи на болеста во Северен Убанги. Властите на ДР Конго се уште официјално не ја потврдиле информацијата. Северен Убанги е осмата провинција погодена од епидемијата предизвикана од сојот „Бундибуџо“ на вирусот ебола. За епидемијата беше соопштено во средината на мај. Таа стана втората најголема епидемија на ебола досега регистрирана, со повеќе од девет илјади потврдени случаи и над четири илјади смртни случаи. Провинцијата Итури останува епицентар на епидемијата, иако во последно време бројот на случаи се зголемил и во провинцијата Северно Киву. Заразени се регистрирани и во провинциите Јужно Киву, Чопо, Горно Уеле, Долно Уеле и Јужен Убанги. Здравствен претставник од Северен Убанги изјавил дека неодамна во подрачје во близина на границата со провинцијата Долно Уеле биле регистрирани повеќе смртни случаи што предизвикале сомнеж за ебола. Поради тоа, примероци биле испратени на анализа во провинциска лабораторија и во Киншаса. Освен во Конго, случаи на ебола се регистрирани и во Уганда, која во август беше прогласена за земја без ебола, како и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti