Кекеновски: СДСМ се обидува преку еден минорен поволен статистички податок да го ублажи сериозниот изборен пораз

Убедливо поразени на изборите, но самопрогласени победници. Наместо да се соочат со изборниот пораз во Брвеница, СДСМ и Венко Филипче се обидуваат да го релативизираат катастрофалниот пораз и да го претстават како успех. За разлика од она што сака да го претстави раководството на Социјалдемократскиот сојуз, аналитичарите се децидни дека сериозно заостануваат зад владејачката партија и анализираат дека уште пострашно е тоа што не ја препознаваат пораката што ја испраќаат гласачите. Показател дека се неопходни промени во врвот на СДСМ и во политиките што ги застапуваат. -СДСМ се обидува преку еден минорен поволен статистички податок да ја ублажи сликата за сериозниот изборен пораз. Порастот на гласовите може да се посочи како охрабрување за дел од членството, но не ја менува основната политичка порака дека нејзиниот кандидат останува далеку зад водечкиот противкандидат. Значи, ако имате 2.943 гласа наспроти 706 за СДСМ, односно 4,7 пати повеќе гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е јасен показател за изборниот дебакл што СДСМ го доживеа во Брвеница, изјави аналитичарот Јове Кекеновски. Целта, како што оценува Кекеновски, е јасна: Филипче сака што подолго да остане на лидерската позиција, а тоа е невозможно со извртување на реалноста. Без отворена дебата и признание за лошиот резултат, ваквиот пристап…
Povezane vijesti

Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“: Сите останати се борат да победат, само Филипче и фракцијата слават и кога губат!

Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница и трагикомичната анализа на Филипче: „Губите со 2.300 гласа разлика, а се однесувате како да сте победиле“
