klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Кампањата на Инфантино за реизбор се сели во Азија, УЕФА му постави ултиматум

Кампањата на Инфантино за реизбор се сели во Азија, УЕФА му постави ултиматум
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·20. 10. 2026. 16:37:11

Кампањата на Џани Инфантино за реизбор на должноста претседател на ФИФА оваа недела се сели во Јапонија, додека УЕФА му постави ултиматум до почетокот на ноември да ја достави целокупната документација за неговиот контроверзен план за продажба на комерцијалните права на големите турнири на приватни компании. Инфантино, според најавите, утре во хотел во Токио, со минимално присуство на медиумите, ќе одржи состанок со претставници на Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ). Ова доаѓа откако Инфантино се извини пред советот на ФИФА во Цирих минатата недела за грешките што ги направил при осмислувањето на планот за продажба на правата за светските првенства во вредност од 4,2 милијарди долари, кој оттогаш е напуштен. Претседателот на АФЦ, шеикот Салман бин Ибрахим Ал Калифа, првично се спротивстави на планот на Инфантино, но според дел од светските медиуми, можеби се предомислил и ги приближил ставовите до првиот човек на ФИФА. Инфантино им понуди на критичарите отворен, независен преглед на тоа како ФИФА донесува одлуки, но, од друга страна, УЕФА во писмо до ФИФА побара одговори за претседателскиот мандат на Инфантино, вклучувајќи ги и прашањата за проектот „FIFA Forward Enterprise“ (FFE) и наградата за мир на ФИФА, со рок до 2 ноември, објавија денеска британските медиуми.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti