Дејвид Бекам ќе му биде против кандидат на Инфантино?

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам би можел да стане главен противник на актуелниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, објавува германскиот „Скај спортс“. Според германските медиуми, зад потенцијалната кандидатура на поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија стои моќна коалиција предводена од Европската фудбалска унија (УЕФА), Германската фудбалска асоцијација (DFB) и КОНКАКАФ, конфедерација што ги собира националните асоцијации на Северна и Централна Америка и Карибите. Незадоволството од работата на актуелниот претседател на ФИФА е сè поизразено, особено по најновите контроверзии во врска со комерцијалните права за Светските првенства. Инфантино е обвинет за наводен обид за тајно продажба на дел од тие права, како и за избегнување директни одговори на прашањата на членовите на Советот на ФИФА, до кои се обратил исклучиво писмено.


