klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Калас: ЕУ нема капацитети да го замени Старлинк во краток рок

Калас: ЕУ нема капацитети да го замени Старлинк во краток рок
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 10. 2026. 12:31:23

Европската Унија нема капацитети да го замени „Старлинк“ (Starlink) во соодветен рок, призна денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, цитирана од западните агенции. Таа изјавата ја даде откако Украина се пожали на ограничувањата на сателитската мрежа на Елон Маск, која има клучна улога за украинските вооружени сили. „Старлинк“ е навистина неопходен за Украина и, за жал, Европа не може да го замени на краток рок, рече Калас на самитот на Европскиот совет во Брисел. „Затоа денеска разговараме и за нашата одбранбена подготвеност“, за да се обидеме да го компензираме она што го немаме во ЕУ, додаде таа. Киев се жалеше во последните денови дека не бил предупреден од своите сојузници за претстојните руски напади по доцнењата во сателитските услуги што ги обезбедува „СпејсИкс“, компанијата во сопственост на милијардерот Илон Маск, кој е исто така близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп. Соѕвездието сателити на „СпејсИкс“ го вклучува „Старшилд“, систем од воено ниво што го користи Украина за комуникации на линијата на фронтот и одбранбените операции, и „Старлинк“, кој е за цивилна употреба. Елон Маск рече дека сите доцнења на воената мрежа „Старшилд“ во Украина се должат на американската влада, а не на неговата…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti