klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Како да направите вкусни мекици?

Како да направите вкусни мекици?
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·05. 08. 2026. 07:26:35

Мекиците се едно од најомилените традиционални јадења во македонската кујна. Се подготвуваат од меко квасно тесто и се пржат до златно-румена боја. Највкусни се кога се послужуваат топли, со сирење, кисело млеко, џем или шеќер. Состојки: 1 кг брашно 40 г свеж квасец 50 мл масло 1 лажичка сол ½ лажичка шеќер 20–30 мл ракија вода по потреба Начин на подготовка: Во малку млака вода растворете го квасецот со шеќерот и оставете го неколку минути да се активира. Во поголем сад измешајте ги брашното и солта. Додајте го активираниот квасец, маслото и постепено додавајте млака вода. Замесете меко и мазно тесто. Покријте го тестото и оставете го на топло место да нарасне. Кога ќе го удвои својот волумен, во нараснатото тесто додајте ја ракијата и добро премесете го и повторно оставете го да нарасне. Кога тестото ќе биде подготвено, загрејте поголема количина масло за пржење. Со навлажнети раце земајте парчиња од тестото, лесно обликувајте ги и со прст направете отвор во средината. Веднаш ставајте ги мекиците во загреаното масло. Пржете ги од двете страни додека добијат златно-румена боја. Извадете ги на хартиена салфета за да се впие вишокот масло. Мекиците се сервираат топли. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti