klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·11. 07. 2026. 16:19:59

Јапонската експериментална ракета за повеќекратна употреба денеска полета и безбедно слета за време на својот прв пробен лет. Јапонија бара начин да ги намали трошоците за лансирање и да ја зголеми сопствената конкурентност на глобалниот вселенски пазар, со кој доминира американската компанија „СпејсИкс“. Ракетата „РВ-Икс“ (RV-X) полета, лебдеше и се движеше хоризонтално пред да слета за време на својот лет кој траеше помалку од една минута во Тест-центарот Ноширо на Јапонската агенција за аеронаутика и вселенско истражување (ЈАКСА) во североисточниот дел на Јапонија, кој во живо го пренесуваше „НВС“ (NVS), група љубители на вселената. Ракетата леташе според планот, издигнувајќи се 11 метри и движејќи се хоризонтално 16 метри, додека ја задржуваше исправената положба пред слетувањето, изјави Такаши Ито, раководител на проектот за ракети за повеќекратна употреба, на онлајн брифинг од тест-центарот. Јапонија настојува да ја достигне технологијата што компанијата „СпејсИкс“ на Илон Маск ја користи веќе неколку години за да ги намали трошоците за лансирање и испорака на товар во вселената. Денешниот лет е чекор напред за Јапонија во постигнувањето на технологијата потребна за развој на поевтин наследник на нејзиниот моментален главен потпирач, серијата ракети за еднократна употреба „Х3“ (H3). Јапонската ракета „Х3“ е дизајнирана да биде поекономична од нејзината…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti