klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Јапонија, Австралија и Нов Зеланд изразија загриженост поради ракетниот тест на Кина

Јапонија, Австралија и Нов Зеланд изразија загриженост поради ракетниот тест на Кина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·06. 07. 2026. 08:22:14

Јапонија соопшти дека остро побарала од Кина да го преиспита својот ракетен тест над Тихиот Океан откако Пекинг однапред ја известил за пробата. „Силно инсистиравме оваа проба со балистичка ракета да биде преиспитана за да не претставува закана за безбедноста на Јапонија – вклучително и да не поминува низ нашиот воздушен простор“, се вели во заедничкото соопштение од неколку јапонски министерства, вклучувајќи ги министерствата за одбрана и надворешни работи, издадено пред лансирањето. Австралија предупреди дека кинескиот ракетен тест може да го „дестабилизира“ регионот на Јужниот Пацифик. Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс, изрази длабока загриженост по тестот на ракета за која рече дека е со долг дострел и „способна да носи нуклеарна боева глава“. „Пацификот е океан на мирот и ние сме длабоко загрижени од тестирањето на оружје од страна на Кина способно да испорача нуклеарна боева глава“, се вели во неговото соопштение. Лансирањето „не е во согласност со стабилноста во регионот“, додаде Питерс.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti