Јанушев: Стратешкото планирање треба да донесе конкретни резултати и позитивни промени за граѓаните

Генералниот секретаријат на Владата има клучна улога во координирањето на стратешкото планирање и неговото поврзување со буџетските процеси, истакнува генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, во својата објава. Како што посочува Јанушев, целта е воспоставување интегриран, ефикасен и усогласен систем за планирање на јавните политики, кој ќе се темели на Националната развојна стратегија, со јасно дефинирани приоритети, мерливи резултати и одговорно користење на јавните ресурси. [facebook_post url="https://www.facebook.com/i.janusev/posts/pfbid0qWZTuWYxiDadhCtKxoSYiDzoHeWS6ecWkA7Hdh4GGUw1BqTzmXaFey2AYe9xiU5Ul"] Во објавата тој нагласува дека преку унапредување на методолошката рамка, дигитализација и зајакнување на меѓуинституционалната соработка се работи на создавање современ систем што ќе овозможи поголема ефикасност, транспарентност и отчетност. „Нашата определба е јасна – стратешкото планирање да донесе конкретни резултати и видливи позитивни промени за граѓаните“, истакнува Јанушев. Тој додава дека реформите во јавната администрација, усогласувањето со новата законска рамка и примената на принципите на СИГМА се важни чекори кон изградба на модерна и професионална администрација. Јанушев порачува дека со заедничка работа, одговорност и посветеност ќе продолжи процесот на градење институции кои ефикасно ги користат ресурсите, ги исполнуваат поставените цели и работат во интерес на сите граѓани.
Povezane vijesti

Минчев: Помалку процедури, повеќе резултати – администрација во служба на граѓаните
Nova pravila za planiranje proračuna: Evo što se mijenja i od kad
