Јанкуловски: Овој ребаланс е доказ дека Владата прави историски најголеми издвојувања за општините

Оваа Влада историски прави најголеми издвојувања за општините, а за тоа е доказ овој ребаланс кој денес го разгледуваме во Комисијата за финансирање и буџет. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во рамки на амандманската расправа по предлог ребалансот на Буџетот за 2026 година во рамки на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет кој потенцираше дека буџетот е лимитирана и ограничена категорија каде треба да се задоволат сите најнеопходни потреби и секако онаа развојна компонента за која Владата се обврзала да ја реализира пред грааѓаните. „Постојоано работиме на зголелмување на издвојувњата од државниот Буџет кон програмите на надлежните министерства, во случајот Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, а преку АА програмата за финансирање на инфраструктурни проекти тука се и Министерството за култура, Министерството за образование и Министерството за социјална политика, демографија и млади. Со овој Ребланс за инфраструктурни проекти во општините, за сите 80 општини ги зголемуваме предвидените од 2,6 милијарди денари на 4,2 милијарди денари во корист на подобрување на животот на граѓаните. Преку Министерството за транспорт и врски со Проектот за локални патишта сумата со ребаланост изнесува 566 милиони денари и исто преку Министерството за транспорт и врски програмата со Проектот…
Povezane vijesti

Димитровска: Ребалансот обезбедува континуирани инвестиции во образованието, земјоделството и патната инфраструктура

Арсова: Со предложениот ребаланс се обезбедуваат средства за капитални инвестиции, инфраструктурни проекти, инвестиции во водостопанството, комуналната, образовната, здравствената и еколошката инфраструктура
