klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Испливаа стари фотографии од Лепа Брена и Боба: Спомени од минатото предизвикаа лавина коментари

Испливаа стари фотографии од Лепа Брена и Боба: Спомени од минатото предизвикаа лавина коментари
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·24. 07. 2026. 09:04:20

Лепа Брена со емотивна објава и трогателна порака му го честиташе 64. роденден на својот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ, потсетувајќи се на нивната повеќе од три децении долга љубовна приказна. По повод 64. роденден на Слободан „Боба“ Живојиновиќ, Лепа Брена (65) на својот Инстаграм профил објави емотивна честитка која веднаш го привлече вниманието на нејзините следбеници. Покрај серијата фотографии што ги прикажуваат нивните заеднички моменти низ годините – од почетоците на нивната врска, па сè до поновите денови – посебно место заземаа спомените од нивната свадба, која се одржа во 1991 година. Најсилни емоции, сепак, предизвикаа зборовите што пејачката му ги упати на својот сопруг. „Ти благодарам за секој миг во кој направи да се чувствувам сакано и почитувано. Не постојат зборови со кои можам да опишам колку сум благодарна што си дел од мојот живот“, напиша Брена, а објавата ја придружи со кратката порака: „Среќен роденден, љубов моја“. View this post on Instagram A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) Објавата за кратко време собра илјадници лајкови, честитки и коментари, а бројни обожаватели уште еднаш истакнаа дека нивната долгогодишна љубов и меѓусебна поддршка им се вистинска инспирација. Љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ започнала во 1986 година…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti