Иран и САД воспоставија комуникациска линија во Ормуската Теснина

Воспоставен е комуникациски канал меѓу Иран и САД за да се спречат воени инциденти во Ормуската Теснинац, објави денеска иранската државна телевизија Прес ТВ, повикувајќи се на извор запознаен со преговорите. „Според конечното соопштение издадено од двајцата медијатори по минатонеделните разговори во Цирих, каналот е создаден за да се избегнат инциденти на стратешкиот воден пат што би можеле да доведат до воен конфликт и да се спроведат одредбите од Член пет од Меморандумот за разбирање од Исламабад“, рече изворот. Прес ТВ потсетува дека Иран истовремено изјавил дека секое поминување низ Ормуската Теснина мора да се одвива по рутите утврдени од Техеран. Иранскиот заменик министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, изјави дека безбедната пловидба низ теснината не може да се гарантира според „нејасни аранжмани, паралелни рути или одлуки што не ја земаат предвид улогата на Иран како крајбрежна држава“. Тој предупреди дека недостатокот на координација со Техеран може да доведе до прекин на паралелните рути. Во привремениот договор од 18 јуни, со кој се запре конфликтот по американските и израелските напади врз Иран, Техеран вети дека ќе вложи максимални напори во следните 60 дена за да обезбеди безбедно и бесплатно минување на комерцијалните бродови. Иранските власти изјавија дека улогата на Техеран…

