klik.world
Tehnologija Sjeverna Makedonija

Интернет-страниците на повеќе белгиски институции запреа со работа по откривањето на софтверска ранливост

Интернет-страниците на повеќе белгиски институции запреа со работа по откривањето на софтверска ранливост
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·22. 10. 2026. 08:53:45

Интернет-страниците на белгиските институции престанаа да работат по откривањето на ранливост во програмскиот јазик PHP со кој се креирани, објавија локалните медиуми. Се забележува дека проблемот влијае на 70 проценти од интернет-страниците ширум светот, а одлуката за привремено отстранување на страниците е донесена како превентивна мерка. Интернет-страниците на неколку министерства, како и на локалните власти во северниот регион Фландрија, се недостапни. Мерките беа преземени вчера, по првите извештаи за проблеми со интернет-страниците во соседна Холандија. Организацијата што го создаде програмскиот јазик вчера попладне испрати унапредена верзија, со препорака секоја организација што сè уште не го искористела унапредувањето да ги отстрани своите страници од интернет за да избегне упад во нив. Интернет-страниците на белгиските министерства за внатрешни и надворешни работи, финансии и труд, неколку медиуми и една банка моментално се неактивни. Белгискиот национален центар за кибербезбедност соопшти дека досега не се откриени прекршувања или протекување на податоци. Во април минатата година, администрацијата на јужниот белгиски регион Валонија беше погодена од кибернапад од кој сè уште не е целосно опоравена, објавија медиумите. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti