„Македонија како култ, должност и вечна идеја“

Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, не е само потсетник на основањето на Македонската револуционерна организација во Солун во 1893 година. Тоа е повод повторно да се навратиме на идеите и визиите на нејзините основоположници, луѓе што во најтешките историски околности ја формулирале борбата за слободна Македонија. Меѓу нив посебно место зазема д-р Христо Татарчев, првиот претседател на Централниот комитет на Организацијата и еден од нејзините најистакнати основачи. Во пресрет на 23 Октомври, особено внимание привлекува неговиот текст напишан во Торино во декември 1930 година, објавен во весникот „Македонија“, бр. 1251, Софија, на 17 декември 1930 година. Станува збор за документ што, речиси четири децении по основањето на Организацијата, претставува политички, национален и духовен тестамент на еден од луѓето што стоеле во темелите на македонското револуционерно движење, пишува НОВА МАКЕДОНИЈА. Но за целосно да се разбере неговата порака, неопходно е да се согледа историскиот контекст во кој е напишана. Во 1930 година, Македонија веќе седумнаесет години е поделена меѓу соседните држави по Балканските војни од 1912 и 1913 година. Вардарска Македонија се наоѓа под српска власт, Егејска Македонија под грчка, а Пиринска Македонија под бугарска власт. Тоа е време кога македонското име, јазик и национална посебност се соочуваат со…


