klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Имплементирање на системот „Безбеден град“ бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти

Имплементирање на системот „Безбеден град“ бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·01. 07. 2026. 07:32:59

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира конкретни мерки кои даваат конкретни резултати. Проектите и мерките кои се импламентираат даваат мерливи резултати како што е случајот со имплементацијата на системот „Безбеден град“ каде за 40% има намалување на бројот на загинати во сообраќајки, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „За само пет месеци, бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти или од 55 жртви во истиот период минатата година, на 33 оваа година. Ова е директен резултат на политиките што ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и имплементацијата на системот „Безбеден град“. Додека СДС со години само зборуваа за безбедност во сообраќајот, денес има конкретни мерки и конкретни резултати. Секој спасен човечки живот е доказ дека системот функционира“, потенцираат од владејачката партија. „Безбеден град“ веќе е воведен во Скопје, Куманово, Тетово, Велес и на коридорите 8 и 10, а продолжува неговото проширување и во останатите градови низ државата, нотираат во соопштението. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна, помалку жртви а поголема безбедност и одговорно почитување на сообраќајните правила. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со инвестиции и мерки што даваат резултати, затоа што безбедноста на граѓаните нема алтернатива, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti